На граничните премини меѓу Македонија и Грција и понатаму се создаваат долги колони од возила, при што патниците чекаат и по неколку часа за да ја преминат границата, особено за време на викендите и во шпицот на летната сезона.
Најголеми задржувања се забележуваат на преминот Богородица–Евзони, како и на Дојран и Меџитлија, каде зголемениот туристички сообраќај значително го забавува протокот на патници.
Според граѓани, кои заглавиле во колоните и објавуваат фотографии од метежот на сцијалните мреи, на групи наменети за оние кои патуваат во Грција, чекањето во редиците понекогаш е мачно поради високите температури, но тоа не ги поколебува да продолжат со своите планови за летен одмор или викенд патувања кон грчките туристички центри.
„За викенд знае да се чека и по неколку часа, но сепак не се откажуваме. Грција ни е блиску и навикнати сме на вакви гужви. Штом стигнеме до морето, забораваме на мачното чекање на граница“, велат патниците.
Меѓу патниците не се само граѓани од Македонија, туку и туристи од Србија, Германија и други европски земји, кои транзитираат или патуваат кон грчкото крајбрежје.
И покрај метежите, Грција останува една од најпосетуваните летни дестинации во регионот, со континуиран прилив на туристи од повеќе држави, што дополнително го оптоварува граничниот сообраќај во летните месеци.
В.К.
ШТОМ ГО ВИДИМЕ МОРЕТО, ЗАБОРАВАМЕ НА МАЧНОТО ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦА: КОЛОНИ ПОД ЖЕШКОТО СОНЦЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА
1 Min Read
Previous ArticleМИЦКОСКИ СО ПРОГНОЗА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА НАФТЕНИОТ ПАЗАР

