-Татко ми не размислувал премногу, ставил се на коцка, за јас да преживеам. Никогаш потоа не прозборе за зафатот и низ што поминал, зборува само за тоа како јас се опоравив, раскажува 25-годишниот Лео Липовац, кој е првото дете во Хрватска кое добило дел од црн дроб од жив донор, во време кога имал само девет месеци. Донор бил неговиот татко Динко, а денес датумот на кој се случила трансплантацијата во неговото семејство се славел како нов роденден.

-Бев премал да се сеќавам на тоа, но кај нас постојано се раскажува приказната и знам колку им било тешко на моите родители и низ што поминале. Јас денес работам како техничар за мехатроника, имам исполнет живот и свесен сум дека мојата приказна е една од најпосебните во хрватската медицина. Секогаш морам да внимавам што јадам, никогаш не сум пробал алкохол ниту цигари. Имаше притисоци во тинејџерските години, другарите ме наговараа да се напијам барем една чашка, но имав доволно цврст карактер и секогаш ги одбивав. И денес се случува на луѓе да не им е јасно што значи трансплантацијата на орган, па се чудат кога ќе одбијам пијачка, бидејќи се плашам од последиците. До крајот на животот, секој ден ќе примам терапија, одам на редовни контроли на шест месеци, спортувам и немам проблеми при вршење на физичка активност. Ми остана во сеќавање тоа дека не ми беше дозволено да заминам на екскурзијата по повод матурата, но од некои работи мораш да се откажеш, за да бидеш здрав, раскажува Лео за 24Сата.хр.
Вели дека најголема награда му е тоа што е жив, и дека е посебно близок со татко му, кој му го спасил животот. Потсетува на важноста на трансплантацијата, како на зафат кој некому му дава иднина.
-Секој кој има можност да му помогне на друг на тој начин, треба да го стори тоа. Неверојатно е колку со тој чин може да се направи за друг човек, вели Липовац.
Деск

