Во текот на ноќта, Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случиле во интервал од помалку од една минута. Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени, додека властите прогласија вонредна состојба и започнаа масовни спасувачки операции во погодените региони, особено во Каракас и околината.
Најпогодени се северните и западните делови на земјата, каде што се пријавени уривања на згради, прекини во електричната енергија и сериозни оштетувања на инфраструктурата. Болниците се преплавени со повредени, а спасувачите продолжуваат да трагаат по луѓе затрупани под урнатините.
Според проценките на геолошки служби и меѓународни експерти, се стравува дека вистинскиот број на жртви би можел да достигне десетици илјади, бидејќи многу населени области сè уште се недостапни, а размерот на уривањата е исклучително голем.
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПО РАЗОРНИТЕ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА – СПАСУВАЧКИТЕ ЕКИПИ ПОД УРНАТИНИТЕ ТРАГААТ ПО ПРЕЖИВЕАНИ
1 Min Read
Previous ArticleРАБОТЕЛЕ ВО ТЕТОВО СО НЕРЕГУЛИРАН ПРЕСТОЈ – ПРИВЕДЕНИ 12 БУГАРИ

