Министерството за внатрешни работи соопшти дека е целосно расчистен случајот со физичкиот напад врз 12-годишно девојче, кој се случи на 30 јуни во парк во скопската општина Аеродром.
Според информациите од МВР, настанот се случил околу 21:40 часот, кога девојчето било физички нападнато од малолетнички, додека други присутни малолетници го снимале инцидентот со мобилни телефони.
Од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, во содејство со Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против четири малолетници.
Две малолетнички се пријавени за кривично дело „насилство“, еден малолетник за кривичните дела „поттикнување“ и „неовластено снимање“, додека уште еден малолетник е пријавен за „неовластено снимање“.
Покрај тоа, кривична пријава е поднесена и против пет родители, кои се товарат за кривичното дело „запуштање и малтретирање на дете“, согласно Кривичниот законик.
Од МВР информираат дека пријавите се доставени до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе постапува понатаму во согласност со своите законски надлежности.
ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЦИ И ПЕТ РОДИТЕЛИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СЛУЧАЈОТ СО НАСИЛСТВОТО ВО АЕРОДРОМ
1 Min Read

