Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната седница расправал за актуелната политичка и економска состојба во државата, при што изрази загриженост за, како што наведуваат од партијата, влошениот животен стандард на граѓаните, состојбата со државниот буџет и новите задолжувања на Владата.
Од СДСМ соопштија дека ќе продолжат да се спротивставуваат на економските политики на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека тие не се во интерес на граѓаните.
Извршниот одбор донел и заклучок сите дебати што се однесуваат на партијата да се водат во рамките на нејзините органи и тела, а не преку јавни настапи или вонпартиски иницијативи. Во таа насока, раководството упати јавен повик до сите поединци и групи кои имаат критики или предлози да ги изнесат во рамките на партиските форуми.
„Само низ дијалог и соочување на аргументите внатре во партијата може да се разговара, не преку медиуми, не преку вонпартиски иницијативи и платформи“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се истакнува дека партијата се „престројува“ и се подготвува за, како што велат, „силна, бескомпромисна и организирана борба“ против политиките на Владата, за кои оценуваат дека ја водат државата во изолација и ги влошуваат условите за живот на граѓаните.
Од СДСМ упатија порака до членството, симпатизерите и активистите дека партијата останува стабилна и повикаа на единство и мобилизација, нагласувајќи дека нема простор за внатрешни поделби и дека различните ставови треба да се решаваат преку внатрепартиски дијалог.
На крајот од соопштението, СДСМ ги повика своите членови и, како што наведуваат, сите прогресивни сили, да се обединат во, според нив, борбата против актуелната власт.
СДСМ ГИ ПОВИКА НЕЗАДОВОЛНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДЕБАТА ВО ПАРТИЈАТА И НАЈАВИ ДЕКА ВЛЕГУВА ВО ОФАНЗИВА ПРОТИВ ПОЛИТИКИТЕ НА ВМРО
2 Mins Read
Previous ArticleЈАНЕВСКА: СО 86 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ОБНОВАТ СИТЕ ДЕВЕТ ДРЖАВНИ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ И СЕДУМ РЕСУРСНИ ЦЕНТРИ
Next Article ФИЛИПЧЕ: БУЏЕТОТ Е ПРАЗЕН, ОДИМЕ КОН АМБИС!

