Утре, 18-ти септември, со почеток во 17:30 часот, повикуваме на протест пред МВР и блокада кај Парк Жена Борец во 18:00 часот, како заеднички крик против колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди, објави Хелсиншки комитет за човекови права.
-Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!
Ве повикуваме да дадеме поддршка на жртвите на насилство и заедно да кажеме „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“
Фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство растат низ годините, а последниот случај е уште еден доказ за цената што ја плаќаат жените и нивните блиски (а со тоа и целото општество) кога полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа нема да постапат соодветно на протоколите за заштита и законите. Убиството на Росица, и на сите жени брутално убиени од свои сегашни или поранешни партнери, можеше и мораше да биде спречено, а тие да бидат заштитени.
Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!
Четврток, 17:30ч. пред главниот влез на МВР (ул. Димче Мирчев бр.9), повикуваат од Хелсиншки.
Деск
Најавен протест за утре: Росица е доказ за цената што ја плаќаат жените кога институциите нема да постапат соодветно протоколите за заштита и законите!
2 Mins Read
Previous ArticleИгор Џамбазов е добитник на признанието Лауреат!

