Дејана Бачко, позната во регионот како Мајка со крилја, го очекува своето второ дете. Таа и нејзиниот партнер Марко Незиќ ја имаат ќерката Лара, а веста за приновата која наскоро доаѓа ја соопштија на социјалните мрежи.
Дејана, која е родена без раце е инспирација за илјадници луѓе кои редовно ја следат на социјалните мрежи, каде со инспиративни видеа покажува како храбро и со позитивен став се носи со сите препреки во животот.
Освен што слика, таа станала првата личност од Србија со инвалидитет која е шампион во теквондо, откако освоила златен медал на Светското параолимписко првенство за теквондо во Турција.
На почеток, на социјалните мрежи беше позната како Девојката со крилја, но откако ја доби ќеркичката пред околу четири години, нејзиниот профил е Мајката со крилја.
Како што раскажуваше за српските медиуми во минатото, на почеток кога се родила ќерката Лара, таа имала стравови околу тоа како ќе се снајде во улогата на мајка, но со тек на време работите дошле на своето место и таа со љубов и посветеност се грижи за своето семејство.
Деск

