Вчера во 14:22 часот, на Автопатот А1 Неготино-Стоби, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(55) од Република Србија.
Како што известуваат од Секторот за внатрешни работи Велес, при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 120 километри на час.
По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
НЕГОТИНСКАТА ПОЛИЦИЈА ПРИВЕДЕ СРБИН КОЈ ,,ЛЕТАЛ” СО 203 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС СО СВОЕТО БМВ
1 Min Read

