Гламурот на најпрестижната филмска вечер, доделувањето на Оскарите, засенет со ѓубрето кое зад себе го оставија гостите. Слики од расфрлано ѓубре на подот во салата каде се одржа церемонијата го преплавија етерот.
Гостите, кои доаѓаат да присуствуваат на настанот ,,скоцкани” во скапи тоалети и пред светот се трудат да го прикажат гламурот на филмската индустрија, прикажаа и една грда слика, која фрли дамка на манифестацијата, и предизвикаа низа на критики на социјалните мрежи.
Фрлање ѓубре на подот и гламурот не одат рака под рака, коментира јавноста.
Инаку, на 98-то издание на Оскарите, „Една битка по друга“ е прогласен за најдобар филм.
Деск

