На 15 април 2026 година, во 13:40 часот, во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со 21-годишно лице од Неготино, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, лицето се сомничи дека на армискиот полигон Криволак снимало и фотографирало возила од конвој на Армијата на Република Северна Македонија, по што материјалите ги објавило на социјална мрежа.
Со ваквата постапка, како што наведуваат надлежните, можело да биде нарушена безбедноста и тајноста на активностите што ги спроведува армијата.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Надлежните институции апелираат до граѓаните да се воздржат од снимање и објавување содржини поврзани со воени објекти и активности, со цел да не се загрози безбедноста.
Деск
МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО ПОВИКАНО ВО ПОЛИЦИЈА, БИДЕЈЌИ СНИМИЛО КОНВОЈ НА АРМИЈАТА И ОБЈАВИЛО НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ!
1 Min Read

