На 27 јуни 2026 година во 15:30 часот, во СВР Велес бил пријавен случај на наводна злоупотреба на доверба, при што 24-годишен жител од велешко пријавил значителна материјална штета.
Според пријавата, на 24 април годинава тој му доверил стадо овци на чување на лице од Неготино. По враќањето на добитокот, сопственикот забележал дека недостасуваат 40 грла овци. Според неговите наводи, штетата се проценува на околу 500.000 денари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Деск

