Болничките ходници најчесто кај најмалите пациенти предизвикуваат страв и солзи, а еден доктор од Бразил успеа да ја претвори операционата сала во место исполнето со насмевки и храброст.
Педијатрискиот хирург д-р Леандро Гуимараес стана вистинска интернет сензација откако започна да ги облекува децата како познати суперхерои пред да заминат на операција.
Наместо страв, малите пациенти добиваат чувство дека се подготвуваат за голема мисија, а не за медицинска интервенција. Докторот ги претвора децата во ликови како Бетмен и Супермен, носејќи ги во раце кон операционата сала додека тие се чувствуваат посилни и посигурни. 
Видеата од неговиот необичен пристап брзо се проширија на социјалните мрежи и допреа до милиони луѓе ширум светот. Многумина го нарекоа „вистински суперхерој“, истакнувајќи дека токму ваквите мали гестови можат целосно да го променат искуството на едно дете во болница.
Родителите велат дека нивните деца влегувале во операциона сала со насмевка, наместо со паника и плач.
За својата хуманост и посветеност, докторот во 2025 година ја добил и наградата „WEmbrace Awards 2025“ во категоријата „инспиративни приказни“. Приказната на бразилскиот хирург уште еднаш потсетува дека медицината не е само лекување, туку и давање надеж, топлина и храброст во најтешките моменти.
М.К.

