Во Новска (Хрватска) се случил необичен и ретко виден инцидент – див дабар нападнал маж во дворот на неговата викендичка и го изгризал во ногата.
Според сведоштвата на повредениот Илија С., инцидентот се случил додека бил во дворот и слушнал лаење на кучиња. Наеднаш забележал животно кое прво нападнало куче, а потоа се свртело кон него. Дабарот скокнал и го каснал за потколеницата, при што човекот почнал да крвари и се здобил со сериозни рани. 
За да се одбрани, тој грабнал вилa што билa во близина и успеал да го убие животното. Го ставил во автомобилот и го однел со него во болницата, каде било утврдено дека се работи за дабар тежок 30 килограми.
По прегледот од итната медицинска служба, тој бил префрлен во болница во Пакрац. Повредите вклучуваат две отворени рани, долги неколку сантиметри, пренесоа хрватските медиуми.
Лекарите и ветеринарните служби подоцна започнале проверка на животното за да утврдат дали било заразено со беснило или друга болест, што е клучно за понатамошен третман на повредениот.
Инцидентот привлекол големо внимание бидејќи вакви напади од дабари на луѓе се многу ретки.
Деск
Previous ArticleСПИЛБЕРГ СЕ ВРАЌА ВО ГОЛЕМ СТИЛ: НОВИОТ ФИЛМ ВЕЌЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ
Next Article КАНЈЕ ВЕСТ НАСТАПИ ПРЕД 118.000 ЛУЃЕ ВО ИСТАНБУЛ

