Министерството за здравство го започна процесот на подготовка на нов закон кој ќе овозможи дарување на човечки тела и органи по смрт за научно-истражувачки и образовни цели.
Како што информираат од Министерството, за таа цел е формирана работна група задолжена за изработка на предлог-законот, што се оценува како значаен чекор во унапредувањето на медицинското образование, научно-истражувачката работа и зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем.
Од Министерството посочуваат дека современата медицинска пракса, развојот на нови хируршки техники и напредокот во медицината се засноваат на долгогодишна едукација, практична обука и истражување. Во тој контекст, се нагласува потребата од воспоставување јасна и етички заснована законска рамка за ваков тип донации.
Иницијативата, како што се наведува, има за цел да ги обедини науката, етиката, образованието и јавниот интерес, со крајна цел унапредување на здравствениот систем и подобра медицинска грижа за идните генерации.
Деск
ЗАПОЧНУВА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА ДАРУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ ТЕЛА ЗА НАУЧНИ И ОБРАЗОВНИ ЦЕЛИ
1 Min Read
Previous ArticleЖИТЕЛИ НА КАПИШТЕЦ НА ПРОТЕСТ ПОРАДИ НОЌНА БУЧАВА ОД ЛОКАЛИ

