Коста Кецмановиќ, момчето – убиец кое во 2023 година изврши незапамтен масакр во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, и тоа пред да наполни 14 години, после полнолетството може да остане во психијатриска установа, но само под еден услов. Како што истакнува за српските медиуми Огнен Божовиќ, адвокат на семејствата на жртвите, се зависи од проценката на стручните лица и судскиот надзор.
-Во случаи кога малолетник извршил масовно злосторство, одлуката да му се продолжи престојот во специјализирана установа не зависи исклучително од неговата волја, туку од континуирани медицински и судски проценки. Дури и да се одобри негово излегување, тој ќе биде под судска контрола, со задолжителни вештачења и надзор, не само од клиниката, туку и од судот кој одлучува дали ќе остане во установата, или пак не, вели адвокатот.
Додава дека клучна е и иницијативата на семејствата на жртвите, кои бараат законски измени кога станува збор за малолетници, извршители на тешки кривични дела.
-Предложените измени предвидуваат формирање на посебна установа која ќе биде надлежна за посматрање, проучување и рехабилитација на тие малолетници. Целта на предлогот е да се обезбеди систем кој истовремено ќе овозможи лекување и контрола, но и ќе спречи ризици врз безбедноста на заедницата по излегување од институцијата, изјави Божовиќ.
Родителите на Коста минатата недела беа осудени на затворски казни, и тоа 14 и пол години за неговиот татко Владимир и две години и единаесет месеци затвор за мајка му Милјана.
Коста уби девет ученици и чуварот во училиштето со оружјето на неговиот татко.

