Кога имал само седум години, татко му си заминал и ја оставил мајка му сама да се грижи за него и неговата петгодишна сестра, трудејќи се да обезбеди егзистенција. Детството не му било воопшто лесно, живееле во скромни услови во сараевската населба Алифаковац, и уште многу млад морал да започне да работи, за да и помага на својата мајка.

Денес тој, Дино Мерлин (63) е голема ѕвезда и еден од најскапо платените музичари во регионот. Сепак, никогаш не ги заборавил корените и цел живот ја носи благодарноста кон неговата мајка, чија сила и посветеност оставиле длабок траг во неговиот живот. На првата луксузна јахта која ја купил и го дали името Фатма, по мајка му, сакајќи на тој начин да и оддаде почит на жената која го извела на прав животен пат. И со неговата сестра Амина останале многу блиски, поврзани со силна семејна врска која ја изградиле заедно низ сите предизвици со кои се сретнале уште како деца. Неодамна неговиот внук, синот на Амина, политичарот Ведад Дељковиќ објави нивна заедничка фотографија, на која зад насмевките се крие тежката животна приказна за детството и младоста на Дино и Амина.
-Уште како дете многу сакав да свирам на гитара, но финансиската ситуација беше тешка, и морав да работам во фабрика за да и помогнам на мајка ми. На татко ми му простив се, но никогаш нема да заборавам што му направи на нашето семејство, кажа Мерлин во една од ретките пригоди кога го спомна неговиот татко, кој работел како столар.
-Имав велосипед, половни скии и јаболка, секоја вечер пред спиење. Тоа всушност, нам ни беше доволно. Во тоа време, многумина немаа ништо. Мајка ми беше муслиманска верска службеничка, и ни даде се што беше во нејзина моќ за што вечно сум и благодарен. Таа ми ја купи и првата гитара, надевајќи се дека ќе свирам едно лето и ќе ја заборавам музиката, дека ќе учам и ќе станам човек во одело, но ете, музиката беше мојата судбина, кажа музичката ѕвезда.

