Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, во пресрет на најавената реконструкција на Владата, објави отчет за сработеното во изминатиот период, наведувајќи дека Министерството го остава со трипати помал буџет, рационализирани трошоци и завршени процеси на реорганизација.
Стоилковиќ истакна дека, наместо прес-конференција, решил јавно да ги сумира резултатите од својот мандат.
„Министерството од ‘сива зона’ денес е институција со нова систематизација, средена и организирана за својот наследник“, наведува тој и истакна дека во 2021 година повеќе од 1.500 лица примале плата без да доаѓаат на работа, а според него, до денес сите тие се прераспределени.
Според Стоилковиќ, во текот на неговиот мандат е укината програмата „К-5“, која во јавноста беше позната како модел „седи дома, земај плата“, а завршена е и прераспределбата на административните службеници. Тој додава дека е донесена нова систематизација и дека Министерството ќе продолжи да функционира со поефикасна организациска поставеност.
Стоилковиќ посочува и дека новиот Закон за соодветна и правична застапеност треба да обезбеди вработување врз основа на стручност, компетентност и почитување на принципот на правична застапеност, наместо, како што наведува, политички влијанија.
Неговите изјави доаѓаат во период кога се очекува реконструкција на Владата и промени во министерскиот состав.
ВО 2021 ГОДИНА 1.500 ЛИЦА ПРИМАА ПЛАТА БЕЗ ДА ДОАЃААТ НА РАБОТА, СИТЕ СЕ ПРЕРАСПРЕДЕЛЕНИ, КАЖА МИНИСТЕРОТ ВО ЗАМИНУВАЊЕ СТОИЛКОВИЌ
1 Min Read

