Полициски службеници од СВР Тетово извршиле претреси на две локации во сопственост на Б.И. (38) од Тетово, во рамки на истрагата за претходно пријавен случај на насилство во кој со нож биле повредени две лица.
Како што информираат од полицијата, претресите биле извршени на 6 јули, во периодот од 15:00 до 18:45 часот, по добиена судска наредба. При претресот на патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., бил пронајден пиштол за кој тој поседувал дозвола. Во неговиот дом, пак, била пронајдена рамка за пиштолот.
Дополнително, при претрес во објект во Тетово, исто така сопственост на Б.И., биле пронајдени два пиштоли за кои немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари.
Во врска со случајот, поради сомнение за сторени кривични дела, полициски службеници лишиле од слобода две лица – Ш.А. (62) и Е.А. (60), двајцата од Тетово.
Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен пријавен материјал до надлежните органи.
ПРЕТРЕСИ ВО ТЕТОВО ПО НАСИЛСТВОТО СО НОЖ: ПРОНАЈДЕНИ ТРИ ПИШТОЛИ, ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ
1 Min Read
Previous ArticleПОЛИЦИЈАТА ЛИШИ ОД СЛОБОДА ЖЕНА ОСОМНИЧЕНА ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО
Next Article ПОВТОРНО СЕ ТРАГА ПО МЛАДИОТ СТРУМИЧАНЕЦ ДРВОШАНОВ

