Српскиот музичар Десингерица повторно ја разбранува јавноста со својот настап, овојпат во хрватскиот град Водице. Познат по провокативните и неретко бизарни сценски изведби, изведувачот приреди перформанс кој предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.
За време на настапот, Десингерица повика член од публиката на сцената и направи необичен потег – со машинка му ја избричи косата пред присутните. Снимките од моментот брзо се проширија на интернет, а реакциите се поделени.

Додека дел од публиката го доживеа настапот како дел од неговиот препознатлив стил и сценска провокација, други го оценија како несоодветен и претеран. Десингерица и претходно привлекуваше внимание со необични перформанси на концерти, поради што често се наоѓа во центарот на јавните дебати.
Тој е чест гостин во клубови во целиот регион, а неретко настапува и во Македонија. На своите настапи плука во публика, ги полива со вода гостите, ги удира со патика по глава, но и покрај се, има огромен број на публика.
Кон крајот на минатата година градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, побара да се забранат неговите гостувања во Република Српска, бидејќи лошо влијаел на младите, на што Десингерица за српските медиуми порача дека тој само си ја работа својата работа од која заработува.
-Дали лошо влијаам, поради тоа што сум семеен човек, имам жена и дете? Затоа што имам добра кола, живеам како Бог? Јас би сакал моето дете да биде успешно како мене!
Најважно во животот е да имаш здраво семејство, а јас тоа го имам. Туѓите деца не се мој проблем. Јас правам музика за возрасни. Вие како родители, воспитувајте си ги децата како сакате. Тоа не е моја работа, порача раперот минатиот декември.
Сепак, неговиот настап во Водице уште еднаш го отвори прашањето за границите меѓу сценскиот спектакл, провокацијата и однесувањето кон публиката, но и прашањето зошто и покрај се, публиката ги полни до последно место неговите настапи.

