Музичарот Колумбиец Јанко (Јанко Пенафорт од Колумбија), кој стана популарен во земјава по изведбата на стари македонски песни, заедно со неговата група ВардарАнди во грчкиот ресторан Солун ја запеа песната ,,Велат не нема”.
Видеото од настанот го објави на својата официјална страница, со порака дека песната ја носи Македонија подалеку од границите.
Јанко за првпат дошол во земјава во 2022 година и се вљубил во македонската музика, како и во земјата. Неретко изјавува дека му е чест да ја слави Македонија преку музика.
Во февруари годинава тој ја сними својата прва авторска песна на македонски јазик. Станува збор за нумерата ,,Македонија” во која пее за природните убавини на нашата земја и порачува дека иако не бил роден тука, сепак се чувствувал како да е тукашен.

