Заинтересираните купувачи ќе имаат можност на 16 јули да ги разгледаат трите конфискувани стана поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски, кои повторно се нудат на продажба преку јавно електронско наддавање.
Агенцијата за управување со одземен имот организира посета на становите пред нивната продажба, со цел потенцијалните купувачи да можат одблиску да се запознаат со нивната состојба.
Јавното електронско наддавање е закажано за 29 јули, а ќе се одвива во три различни термини, по еден за секој од становите.
На продажба се три луксузни стана во комплексот „Панорама Резиденс“ на Водно, кои беа конфискувани со правосилна судска одлука.
Почетните цени се:
-за станот од 199 квадратни метри со тераса од 48 квадратни метри – 846.960 евра;
-за станот од 155 квадратни метри со тераса од 95 квадратни метри – 759.550 евра;
-за станот од 200 квадратни метри со тераса од 48 квадратни метри – 850.528 евра.
Вкупната почетна вредност на трите недвижности изнесува околу 2,46 милиони евра.
Два од становите и претходно беа понудени на продажба, но тогаш не беа продадени, поради што Агенцијата повторно распиша јавен оглас. За учество во електронското наддавање, заинтересираните треба да ги исполнат условите наведени во јавниот повик и навреме да ја достават потребната документација.
ПОЧЕТНАТА ЦЕНА НА КОНФИСКУВАНИТЕ СТАНОВИ НА ГРУЕВСКИ Е 2,46 МИЛИОНИ ЕВРА: НА 16 ЈУЛИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ, НА 29 ЈУЛИ ОДАТ НА ПРОДАЖБА
1 Min Read
Previous ArticleРАМА ЗА КОНЦЕРТОТ НА КАНЈЕ ВЕСТ ВО ТИРАНА: 4 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ИНВЕСТИЦИЈА, А НЕ ТРОШОК!
Next Article ЏАЛА БРАТ И БУБА КОРЕЛИ ПРЕД ОХРИДСКАТА ПУБЛИКА

