Хрватската музичка ѕвезда Јелена Розга ќе одржи солистички концерт во Античкиот театар во Охрид утре, на 29-ти јули.
Зад организацијата на настанот стои Евентум Продукција, од каде појаснуваат дека интересот за ова музичко доживување бил огромен и бројот на влезници во продажба веќе бил ограничен.
-Настанот, кој се најавува како концерт на летото, ќе се одржи на 29-ти јули и ќе донесе симфониски спектакл под отворено небо – вечер на емотивни балади, незаборавни хитови и сценска магија во придружба на гудачки оркестар, велат од Евентум Продукција.
Розга пак, истакна дека кога првпат го видела театарот, знаела дека еден ден мора таму да настапи.
-Еве, тој ден доаѓа, и јас со нетрпение го чекам, вели таа за нејзиниот прв концерт во Антички театар.
-Концертот под светлината на ѕвездите и во волшебниот амбиент на Античкиот театар се очекува да биде врвна музичка вечер, каде секој тон ќе ја пренесе страста и емоцијата што Јелена Розга несебично ја споделува со својата публика. Нејзините настапи се познати по високо ниво на продукција, харизма и блискост со публиката, а ова лето токму Охрид ќе има чест да биде домаќин на ваков спектакл, порачаа од Евентум продукција.
Деск

