До 80 проценти од осигурениците кои штедат во вториот пензиски столб би можеле во иднина да добиваат пензии пониски од законскиот минимум, предупреди гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
Тој истакна дека причината е недоволната акумулација на средства во приватните пензиски фондови, поради што голем број идни пензионери нема да можат преку комбинираната пензија од првиот и вториот столб да го достигнат минимално гарантираниот износ.
Според Славески, ваквиот развој на состојбите би можел да создаде дополнителен товар врз јавните финансии, бидејќи државата би била принудена да обезбеди средства за покривање на разликата до минималната пензија.
Како можни решенија, тој ги посочи интервенциите преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), кој би ја надоместувал разликата до законскиот минимум, како и можни измени на пензискиот систем со кои дел од осигурениците би се вратиле во првиот пензиски столб.
Славески потсети дека ваков чекор веќе беше направен во 2019 година, кога околу 16.500 осигуреници беа префрлени од вториот во првиот пензиски столб. Со тоа, средствата што ги имаа акумулирано во приватните пензиски фондови беа пренесени во државниот пензиски систем.
Изјавата повторно ја отвори дебатата за долгорочната одржливост на пензискиот систем и за можните реформи кои би обезбедиле повисока сигурност за идните пензионери.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СЛАВЕСКИ: ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ПОНИСКИ ПЕНЗИИ ЗА МНОЗИНСТВО ОСИГУРЕНИЦИ
1 Min Read
Next Article НЕПОКОЛЕБЛИВА ВЕРНОСТ – ПРИКАЗНАТА ЗА ХАЧИКО

