Во Основниот суд во Куманово во четврток, 9 јули, треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Трајчо Б. од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обида за убиство.
Случајот предизвика голема вознемиреност и внимание во јавноста, откако информациите за серијата тешки кривични дела ја потресоа локалната заедница, но и целата земја.
Според обвинението, истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди. Во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, обвинетиот наводно извршил повеќе напади врз жени, претежно повозрасни и немоќни лица кои живееле сами.
Од Обвинителството наведуваат дека обвинетиот се товари за четири убиства и два обида за убиство, а за овие кривични дела е предвидена казна затвор од најмалку 10 години, а во одредени случаи и доживотен затвор.
Откако беше приведен, неговата мајка за локални медиуми тврдеше дека тој бил невин, и наводно, бидејќи му љубомореле поради големото стадо овци кое го имал, непознати лица сакале неправедно да го обвинат.

