Маж од Лозово на возраст од 46 години, кој работел во Скопје, пред седум недели заминал на работа и повеќе не се вратил дома, а неговото исчезнување било пријавено во полиција дури вчера. За настанот известија од Министерството за внатрешни работи, но нема официјална информација зошто блиските на исчезнатиот чекале толку долго за да го пријават случајот.
-На 12.09.2025 во Полициската станица Свети Николе, Д.М.(43) од с.Лозово, светиниколско, пријави дека на 24.07.2025 нејзиниот брат Д.М.(46) заминал на работа во Скопје и оттогаш не се јавил, ниту се вратил во домот, соопштија од МВР, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Деск
Полицијата трага по маж кој исчезнал пред скоро два месеца, а семејството дури вчера го пријавило исчезнувањето!
1 Min Read

