Легендарниот американски музичар Кантри Џо Мекдоналд, фронтмен на групата Кантри Џо енд зе Фиш и една од клучните фигури на контракултурата од 1960-тите, почина на 7 март во Беркли, Калифорнија, на 84-годишна возраст. Неговото семејство ја потврди веста за неговата смрт, наведувајќи дека музичарот ја загубил битката со компликации од Паркинсонова болест. Ги поминал последните мигови опкружен со своите најблиски.
Мекдоналд беше една од најпрепознатливите фигури на американската психоделиК-рок сцена, како и глас на генерацијата што отворено протестираше против Виетнамската војна во текот на 1960-тите. Неговата музика спојуваше фолк, рок и политички протест, додека текстовите често носеа силна социјална порака.
Поширока популарност стекна како лидер на бендот Country Joe and the Fish, група што стана симбол на хипи-движењето и психоделичната култура на Западниот брег. Нивната музика беше дел од саундтракот на време кога музиката, политиката и општествените промени беа длабоко испреплетени.
Б.Н.
СВЕТОТ СЕ ПРОСТУВА СО МУЗИЧАРОТ КАНТРИ ЏО МЕКДОНАЛД, СИМБОЛ НА ГЕНЕРАЦИИТЕ КОИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ВИЕТНАМСКАТА ВОЈНА
1 Min Read

