Во јавноста се отвори дискусија откако градоначалникот на Долго Село, Ненад Панјан, се најде меѓу добитниците на награда во локален конкурс за најубаво уреден двор и балкон, организиран од Туристичката заедница на градот. Наградата е косилка за трева.
Според објавите во хрватските медиуми, градоначалникот освоил второ место, а наградата му била доделена во рамки на официјална церемонија. Она што предизвика реакции е фактот што Панјан, покрај тоа што е градоначалник, е и поврзан со институцијата што го организирала конкурсот, што кај дел од јавноста отвори прашања за потенцијален судир на интереси.
Иако од надлежните било наведено дека изборот го спровело стручно жири, критичарите сметаат дека учеството на првиот човек на градот во ваков натпревар остава впечаток на недоволна независност на процесот и ја доведува во прашање транспарентноста на одлуката.
Хрватските медиуми пренесуваат дека случајот брзо станал тема на социјалните мрежи, каде граѓаните реагираат со поделени ставови – од оние кои сметаат дека станува збор за несмасен пропуст во организацијата, до оние кои велат дека вакви ситуации не треба да се случуваат во јавна администрација, без разлика на формалната процедура.
ГРАДОНАЧАЛНИК ОСВОИЛ КОСИЛКА ЗА ТРЕВА ЗА НАЈУБАВО СРЕДЕН ДВОР: САМ СЕБЕ СЕ НАГРАДИ, ПИШУВААТ ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ
1 Min Read

