Седумдесет и петгодишен жител на Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако бил прегазен од трактор во дворот на својот дом.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 9 јули 2026 година околу 20:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница во Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М. (75), кај кого лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Според пријавеното, несреќата се случила кога тој го стартувал тракторот додека стоел покрај него, по што возилото самостојно се придвижило и го прегазило.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.
Previous ArticleВО СЛОЖЕНИ УСЛОВИ ОТСТРАНЕТА НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА КАЈ НЕГОТИНО

