По иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), македонското знаме од денес е соодветно поставено на RASFF платформата на Европската комисија – Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни.
Од АХВ информираат дека при редовното користење на платформата било забележано дека покрај називот на државата, наместо официјалното државно знаме, се прикажувало празно поле.
По ова, Агенцијата иницирала постапка и побарала корекција од надлежните служби на RASFF платформата, по што била извршена потребната измена и македонското знаме е поставено.
Од АХВ посочуваат дека како надлежен орган и Национална контакт-точка за RASFF, продолжуваат активно да ја следат комуникацијата и размената на информации преку европските системи за брзо известување во областа на безбедноста на храната и храната за животни.
МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЗА ПРВ ПАТ ПОСТАВЕНО НА RASFF ПЛАТФОРМАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
1 Min Read

